Кошаркарите добија одлична група во претквалификациите за Евробаскет 2029

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците за претквалификациите за Евробаскет 2029, а ждрепката им беше наклонета на нашите кошаркари кои добија одлични ривали за да стигнат до главните квалификации за овој европски шампионат.

Луксембург, Република Ирска и Азербејџан ќе бидат ривали на избраниците на Марјан Илиевски, селекции без кошаркарско реноме кои мора да бидат совладани за да почнеме да чекориме напред откако повторно го допревме дното и бевме преселени во претквалификациите.

Согласно пропозициите, пласман во главните квалификации обезбедуваат победниците во трите групи, како и најдобрата второпласирана селекција.

Новиот претквалификациски циклус ќе стартува во ноември 2025 година.

Се вчитува...