Кошаркарите ги започнaа подготовките за клучниот дуел за пласман на Евробаскетот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација денеска во СРЦ „Кале“ ги започна подготовките за престојните квалификации за Евробаскетот 2025 година во кои не очекуваат дуели против Естонија, Полска и Литванија. Најважниот од нив е на самиот старт, оној против Естонците кој ќе биде одигран во нашиот главен град на 23. февруари со почеток од 19 часот и ќе има огромно значење за исполнување на целта – пласман на собирот на најдобрите кошаркарски репрезентации по десет години пауза.

Во салата под скопската тврдина денеска се собираа најголемиот дел од репрезентативците со отсуство на Андреј Јакимовски и Кристијан Николов кои поради клупските обврски нема да бидат дел од престојниот циклус, а недостасуваше и новиот натурализиран репрезентативец Итан Хап кој ќе слета во Скопје во текот на утрешниот ден.

 

Се вчитува...