Кошаркарите го одработија единствениот тренинг во Баку пред утрешниот меч со Азербејџан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го одработи единствениот тренинг во Спортската палата во Баку, пред утрешниот натпревар против Азербејџан во претквалификациите за ЕП.

Националниот тим, по претходната победа над Луксембург под водство на новиот селектор, во одлична атмосфера ги реализираше финалните подготовки, верувајќи во позитивен резултат и утре против Азербејџанците.

Натпреварот меѓу Азербејџан и Македонија се игра утре со почеток од 17 часот.

Се вчитува...