Koшаркарите ја почувствуваа атмосферата во арената во Сосновиец (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот тренинг во Соснов арената пред утрешниот натпревар против Полска во квалификациите за пласман на Европското првенство кое е закажано за 2025 година.

По домашниот пораз од Естонија во првото коло, шансите за пласман на Евробаскетот значително се намалија за нашите кошаркари, но атмосферата во таборот и понатаму е позитивна и сите се надеваат на позитивен исход на гостувањето кај Полска.

Натпреварот меѓу Полска и Македонија ќе се одигра утре со почеток во 18 часот.

Се вчитува...