Кошаркарите ја средија и Украина за максимален учинок во групната фаза

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години со максимален учинок ја заврши групната фаза на Европското првенство Б дивизија кое се игра во Скопје откако во последниот меч славеа на Украина со 83-72.

Нашите надежи во текот на целиот меч го контролираа резултатот и повеќе од заслужено стигнаа до уште еден триумф.

Најдобар стрелец на мечот беше Никола Јаничиќ со 21 поен, пред Коста Ќириловски со 20 поени. Кај Украина, Сушкин имаше 20 поени, пред Корол со 12 поени.

Следен предизвик за нашите јуниори ќе биде четвртфиналниот дуел против Португалија кој е закажан за петок во 21 часот.

Се вчитува...