Кошаркарите на Бахами приредија сензација, Аргентина првпат по 24 години нема да игра на ЛОИ

Кошаркарската репрезентација на Аргентина е вистинско разочарување за своите навивачи. Откако не успеа да се избори за настап на претстојното Светско првенство, Аргентинците сега не успеаја да обезбедат место и за Летните олимписки игри 2024 следната година во Париз.

Во финалето на американските претквалификации Аргентина загуби од сензацијата наречена Бахами, кои со тројца НБА-кошаркари дојдоа до место во главните квалификации заЛОИ 2024.

Бахамите победија со 82-75, предводени од Ерик Гордон кој постигна 27 поени.

Се вчитува...