Кошаркарската репрезентација на Франција е првиот финалист на ЛОИ во Париз, откако во полуфиналето ја совладаа селекцијата на светскиот првак Германија со 73-69.
Французите во драматична завршница на крајот успеаја да слават победа над Германците, кои одлично го отворија мечот и се стекнаа со предност, меѓутоа Франција предводена од својата публика, не само што ја стопи разликата, туку направи и добра предност. Сепак, Германија на крајот успеа да се врати и да дојде блиску до нерешен резултат и до продолженија.
Јабуселе беше најефикасен со 17 поени кај Французите, додека кај Германците Шредер постигна 18 поени.
Франција во финалето го чека подобриот од дуелот Србија – САД кој се игра во 21:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА