Koшаркарите на Хрватска по поразот од Грција направиле вистински хаос во дискотека во Атина

Хрватските кошаркари беа поразени од Грција во Атина во квалификациите за пласман на игрите во Париз. Ден откако го загубија финалето, се појавија видеа на кои се гледаат хрватските репрезентативци Дарио Шариќ и Ивица Зубац.

Тие физички се пресметале со непознати лица, а тоа наводно се случило во ноќен клуб во Атина, иако не се знае дали сето тоа се случило неколку часа по поразот од Грција.

Во грчките медиуми се наведува дека во конфликтот учествувале Зубац, Шариќ и „некои други хрватски кошаркари“, кои наводно се судриле со неколку локални жители. На една фотографија може да се види како Зубац има крв на коленото, а за среќа бил спречен поголем хаос.

Се вчитува...