Kошаркарите на Куманово доживеале сообраќајна незгода поради која денешниот натпревар против Струмица ќе биде одложен за утре.
На комбето со кое се превезувале кошаркарите пукнала гума по што возачот загубил контрола, а комбето заврши во банкината. За среќа, се поминало без последици, а ниеден од експедицијата на Куманово не е повреден, а екипата веќе е вратена назад.
Натпреварот е презакажан за утре од 16.30 часот и со него официјално ќе заврши овој дел од Првата македонска кошаркарска лига. Токму овие два тима следната сезона ќе играат во Втората лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА