Кошаркарите на Куманово ќе бидат дел од првиот натпревар во Израел, по една година, кој ќе се игра со навивачи

Кошаркарите на Куманово ќе бидат првиот спортски колектив, заедно со домаќинот Хапоел Холон, кој во Израел ќе игра натпревар со присуство на публика.

Историски момент за Израелците, по почетокот на пандемијата на коронавирусот, во рамките на БИБЛ-лигата. На 23. февруари натпреварот меѓу Хапоел Холон и Куманово во „Тото арена“ ќе се игра пред навивачи, информираше БИБЛ лигата.

Израелската влада дозволила присуство на 300 навивачи на натпреварот, за првпат во оваа земја по цела една година од почетокот на пандемијата. Досега ниту еден натпревар, во сите можни спортови во Израел, не е одигран со дозвола за навивачи.

Се вчитува...