Кошаркарите на Монако се откажаа од штрајкот

Кошаркарите на Монако се откажаа од штрајкот поради финансиските проблеми на клубот. Претходно се заканија дека ќе штрајкуваат по поразот од Баерн во Евролигата, поради доцнење на платите.

Пред натпреварот од француското првенство против Шалон имаше загриженост, со можност да играат само играчи од младинската постава.

Но, сега европските вицешампиони наводно се откажале од тоа и се согласиле да играат против Шалон, како и на следните натпревари. Тие добиле уверение дека ќе бидат преземени мерки од страна на владата во Монако во врска со иднината на клубот.

„Л’Екип“ исто така пишува дека се очекува Кнежевството да го преземе Монако поради финансиски проблеми.

Монако е и во резултатска криза, откако доживеа четири порази во последните пет натпревари во Евролигата.

Се вчитува...