Кошаркарите на Охрид на домашен терен дојдоа до победа над ФМП Академија, и тоа убедливо со 82-66. Домашниот тим уште во првата четвртина покажа дека има намера да стигне до триумф, а потоа само ја одржуваше разликата до последниот период кога следуваше мало опуштање, па ФМП успеа да намали.
Првиот период Охрид го доби со убедливи 30-10, а на полуврмее имаше позитива од 19 поени разлика. Се чини дека ФМП немаше сила да стигне, туку само да намали во последниот период нешто од разликата.
Сепак, најефикасниот на средбата доаѓа од поразениот тим. Петровски постигна 24 поени, додека Настовски додаде 16. Кај победничкиот тим Бернард уфрли 15.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА