После жестоката тепачка на вториот натпревар во плеј-офот во Евролигата помеѓу Реал Мадрид и Партизан, сега мадридскиот тим треба да гостува во Белград во третиот меч. После тепачката, Евролигата изрече казни на клубовите и на играчите. Гуершон Јабуселе беше казнет со пет, Габриел Дек и Матијас Лесор по еден меч казна. Тој меч беше прекинат на 1:50 минути до крајот, а серијата сега се сели во Белград каде ќе се игра најмалку еден меч, а ако треба и уште еден.
Тренерот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ со повици во последните неколку дена да се смири тензијата, но јасно е дека тимот од Мардид го чека вистински „пекол“ во Штарк Арената.
Од таа причина, кошаркарите на Реал Мадрид од Партизан побарале дополнително обезбедување. Наводно побарале транспорт од аеродромот до хотелот без минување низ терминалите, и без никакво застанување за да се избегне контакт со навивачи на Партизан. Исто така побарале дополнителна полициска партола која ќе биде со нив од аеродромот до хотелот.
Салата „Штарк Арена“ е веќе распродадена, па несомнено е дека мадриѓани ќе ги чека исклучително тешка задача кои мора да ги добијат двата меча во Белград за да останат во игра за пласман понатаму. Ако изгубат барем една, за нив ќе значи елиминација од Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА