За разлика од фудбалерите на Реал Мадрид кои не успеаја да го одбрнат трофејот во Лигата на Шампиони, кошаркарите на „кралскиот тим“ на фантастичен начин успеаја да ја освојат титулата во Евролигата надоместувајќи негатива од 2-0 од Партизан во четвртфиналето, а потоа славејќи и против фаворизаните Барселона и Олимпијакос на завршниот турнир одигран во Каунас.
Поради тоа добија и посебен пречек на „Сантијаго Бернабеу“. Пред последното коло од Ла Лига во кој Реал Мадрид го угости Атлетик Билбао и на кој се збогува Карим Бензема, Марио Хезона, Џанан Муса и компанијата на кратко го украдоа шоуто и за успехот добија овации од преполниот стадион, но и од фудбалерите.
🏆 ¡La Undécima es vuestra, #Madridistas! 🏆#CHAMP11ONS pic.twitter.com/m3UEy7xdjR
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) June 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

