Кошаркарите на Шкупи ја запишаа својата четврта победа сезона во 14. коло од Првата македонска кошаркарска лига. Шкупи во СРЦ Кале триумфираше во локалното дерби против Чаир со 94-86.
Шкупи одлично го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со 31-19. Но, Чаир одлично се врати во вториот период од играта добивајќи го со 17-26.
Низ израмнета игра во второто полувреме, пресуди последната четвртина во која Шкупи беше подобар добивајќи ја со 27-19, за на крај победа од 94-86.
За Чаир, пак, ова беше и шести пораз сезонава, наспроти досегашните осум победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

