Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ги продолжи подготовките за претквалификациите за СП 2027, со тренинг во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Гевгелија беше беспрекорен домаќин во главната фаза од подготовките, но избраниците на селекторот Илиевски сега ќе работат неколку дена во Скопје пред да заминат за Куманово, градот-домаќин на премиерниот дуел од претквалификациите против Романија (2 август, 20 часот).
Андреј Митревски е еден од оние кошаркари кои максимално ја користат укажаната доверба од селекторот, а младиот бек верува дека добрите партии и победите на контролите со Швајцарија уште повеќе ќе ја кренат атмосферата во националниот тим.
„Подготовките течат одлично, победите над Швајцарија ни дадоа дополнителна сигурност. Бевме во Гевгелија од 17 јули, и навистина работиме интензивно, и физички и тактички. Атмосферата во тимот е супер, сите сме фокусирани на заедничката цел – да се подготвиме максимално за претквалификациите за Светското првенство. Одигравме два пријателски натпревари со Швајцарија и двата натпревари ги победивме, што ни даде голема самодоверба, но и добра слика каде сме моментално. Секој дава максимум, без разлика дали се игра или се тренира. Ни преостана нешто помалку од една недела за да се спремиме и да дадеме максимум на натпреварите што следат против селекциите на Романија и Унгарија“, изјави Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

