Кошаркарите на Звезда го напуштија теренот во „Морача“

Кошаркарите на Црвена звезда го напуштија теренот во Морача, откако голем број предмети одлетаа на подот.

На се претходеше голема борба за топка која за малку ќе прераснеше во тепачка. Страстите на теренот брзо се смирија, но потоа се разгореа на трибините.

Во моментот кога натпреварот беше прекинат Будуќност имаше предност од 61-42.

Се вчитува...