Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва го одработи првиот тренинг во „Тисалигети“ Арената во Солнок, каде утре вечер, во 18.00 часот ќе го одигра вториот натпревар од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.
Согласно со регулативите на ФИБА, нашите најдбри кошаркари го добија терминот во кој ќе се игра натпреварот, а селекторот Марјан Илиевски и неговите асистенти, одлучија нашиот тим да има уште еден кој ќе се одржи на денот на мечот.
За потсетување во првото коло Македонија загуби дома од Романија, додека истиот противник беше сигурен и во вториот меч против Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

