Селекторот на кошаркарската репрезентација на Макеоднија, Јорданчо Давитков реши да го помести стартот на репрезентативните подготвки на националниот тим за евроквалфикцискиот дуел со Швајцарија за една седмица. Според новиот план, најдобрите македонски кошаркари, наместо на 11. јуни, подготвките ќе ги почнат на 18. јуни во салата „Јане Сандански“.
На 27. јуни, кошаркарската репрезентација ќе патува за Швајцарија каде што ќе го одигра последниот натпревар од групата за паласман на Европското првнество во 2012 година.
Нашата селекција во досега одиграните средби нема пораз, ја предводи конкуренцијата А и веќе може да смета на палсман во следната квалфикациска сесија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА