Кошаркарите поразените и од Грција на ЕП до 18 години

Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа уште еден тежок пораз на Европското првенство до 18 години откако денеска загуби од Грција со убедливи 55-83.

Уште од самиот старт Грците почнаа многу подобро, па веќе по десет минут игра имаа двоцифрена предност (13-27). Во продолжението Грција само рутински го контролираше резултатот за конечен триумф од 55-83.

Дамјан Данев со 17 поени беше прво име во таборот на нашиот тим, додека кај Грците Панајотис Лефас постигна 23 поени.

Се вчитува...