ЕКИПА во Клаипеда,
Стеван Цаневски
Кошаркарската репрезентација на Македонија по долго патување што почна со утринскиот лет до Виена во 4.30 часот, попладнево конечно пристигна во Клаипеда, каде нашите кошаркари в четврток ќе излезат на мегдан со моќната Литванија во обид да се реваншираат за поразот на домашен терен синоќа во СРЦ „Кале“.
Летот преку Виена до Вилнус, а потоа четиричасовно автобуско возење до Клаипеда ги исцрпи нашите кошаркари, па селекторот Јончевски го откажа лесниот тренинг што беше предвиден за вечерва, се со цел „црвено-жолтите“ да ги наполнат батериите и од утре целосно да се фокусираат на дуелот со големиот фаворит.
Црвено-жолтата експедиција е во исчекување на својот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ синоќа настапи за Милано против Макаби, а вечерва треба да пристигне во Клаипеда и од утре да почне да работи со остатокот од репрезентацијата. Камбекот на Димитријевиќ дефинитивно е голем плус за нашиот состав, а големиот ас ќе го заземе местото во тимот на Кристијан Николов, плејмејкерот кој беше наш најдобар поединец на првиот дуел в недела нема да може да настапи бидејќи клубот за кој настапува, турскиот второлигаш Пицабулс Џеди Осман инсстираше на предвремен камбек на Македонецот за тој да може викендов за својата екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА