Koшаркарската репрезентација на Македонија ќе ги има како противник или репрезентацијата на Хрватска или репрезентацијата на Бугарија за ривали во претквалификациите за Светското првенство во 2027 година.
Македонија е сместена во вториот шешир, заедно со Холандија, Данска и Словачка, што значи дека нема да игра против нив во групната фаза. Меѓу потенцијалните противници се и селекциите на Швајцарија, Романија, Австрија и Норвешка.
Натпреварите ќе се одиграат од 2. до 20. август во двокружен систем, секој против секого, а најдобрите две селекции од секоја група ќе продолжат во главните квалификации за Мундобаскетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

