Кошаркарите против Романија и Унгарија во претквалификациите за СП 2027

Македонската сениорска кошаркарска репрезнтација, ги добија своите противници во претквалификациите за пласман на СП 2027 година.

Нашиот национален тим доби противници по мерка. Во групата на Македонија се селекциите на Романија и на Унгарија. Македонија успеа да го избегне едниот од фаворитите, селекцијата на Хрватска, но и Украина, од која доживеавме два порази во квалификациите за Мундијалот во 2023 година.

Пласман во следната рунда обезбедуваат две селекции од групата.

Се вчитува...