Македонската кошаркарска репрезентација претквалификациите за Светското првенство 2023 ги заврши како првопласирана во групата со Словачка и Швајцарија и со тоа осигура место во следната рунда, односно квалификациите за Мундијалот кои за нас ќе бидат први во историјата.
Покрај „црвено-жолтите“ и Словачка од нашата група, истиот претквалификациски пат го минаа и Црна Гора, Исланд, Белорусија, Летонија, Португалија и Шведска со што овие осум репрезентации им се се приклучија на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Белгија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Литванија, Полска, Холандија, Русија, Шпанија, Туриција и Украина.
Ждрепката за квалификациите ќе се одржи на 31. август, а Македонија се наоѓа во последниот осми шешир заедно со Шведска, Португалија и Словачка.
Репрезентациите кои ќе ги минат квалификациите ќе изборат место на историското Светско првенство кое за прв пат ќе се одржи во повеќе држави, односно Индонезија, Јапонија и Филипини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА