Одложувањето на завршниот турнир од Купот на Македонија значеше и нешто подолго време за подготовки за репрезентацијата за натпреварот со Романија што ќе се игра на гостински терен во Плоешти в четврток.
„Црвено-жолтите“ денеска го одржаа првиот тренинг во СЦ „Јане Сандански“, а на истиот не беше присутен селекторот Јорданчо Давитков, кој утре ќе пристигне во Скопје. Според претходно договорените авионски билети за интернационалците, се очекува последен на подготовките да се приклучи Ричард Хендрикс, чие доаѓање се очекува в понеделник навечер.
Првиот ден донесе и прв посериозен проблем, откако Бојан Трајковски се појави денеска и не тренираше, жалејќи се на болка во коленото. Шансите за негов настап засега се оценети 50-50, но јасно е дека отсуството на Трајковски би било голем удар за овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА