Кошаркарите со двоцифрена негатива на полувреме против Романија

Кошаркарската репрезентација на Македонија има негатива од 45-34 на полувреме во Орадеа против Романија во третиот натпревар од претквалификациите за пласман на Светското првенство 2027 година во Катар.

Избраниците на Марјан Илиевски играат солиден меч и без услугите на Адем Мекиќ кој поради повреда отпадна за овој меч.

Натпреварот почна израмнето на двете страни па по половина игра во првата четвртина резултатот на семафорот беше израмнет 11-11. До крајот на првите десет минути домаќините заиграа подобро, па на пауза заминаа со позитива од плус седум 26-19.

Нашите кошаркари подобро го отворија вториот период. Џејкоб Вајли одигра одлично во почетниот дел од втората четвртина, но и покрај тоа во 17. минута се доблживме на само минус пет 37-32. Како одминуваше времето како и во првата четвртина Романците играа се подобро, па на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со двоцифрена предност од 45-34.

Вајли со 12 поени е најефикасен во нашиот табор, додека Митревски и Магдевски постигнаа по осум поени.

 

Се вчитува...