Кошаркарите со нов пораз од Романија за крај на надежите за мундијалски квалификации

Кошаркарската репрезентација на Македонија го забележа и третиот пораз во претквалификациите за пласман на Светското првенство 2027 година во Катар, откако вечерва загуби на гостувањето кај Романија во Орадеа со 79-66.

Натпреварот почна израмнето на двете страни па по половина игра во првата четвртина резултатот на семафорот беше израмнет 11-11. До крајот на првите десет минути домаќините заиграа подобро, па на пауза заминаа со позитива од плус седум 26-19.

Нашите кошаркари подобро го отворија вториот период. Џејкоб Вајли одигра одлично во почетниот дел од втората четвртина, но и покрај тоа во 17. минута се доблживме на само минус пет 37-32. Како одминуваше времето како и во првата четвртина Романците играа се подобро, па на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со двоцифрена предност од 45-34.

Избраниците на Марјан Илиевски одиграа на ниво во третиот период кој успеаја да го добијат, но само со еден поен разлика (14-15), што не беше доволно и по 30 минути игра да не паднеме по двоцифрена негатива 59-49.

Одлично го стартувавме последниот период па со одлична игра посебно во одбраната, на шест и пол минути до крајот на мечот по долг период успеавме да стигнеме на само минус пет (64-59). Продолживме и понатаму добро, а со поените на Виктор Ташовски на две минути до крајот успеавме да стигнеме и до само минус три (69-66).

Романците сепак до крајот успеаја да се соземат, а ние немавме сила за целосен пресврт, па на крајот го запишавме и третиот пораз во претквалификациите (79-66). Џејкоб Вајли со 19 поени повторно беше прво име во нашиот табор, додека Магдевски постигна 13 поени. Кај победникот најдобар беше Стефан Грасу со 20 поени.

Со овој пораз нашите кошаркари иако математички се уште се во игра (Унгарија да загуби дома од Романија, а ние да ги победиме Унгарците со 39 разлика во Скопје) реалноста е дека се загубени сите шанси за пласман во главните квалификации за Светското првенство 2027 година. Последниот меч против Унгарија ќе го одиграат во СРЦ „Кале“ на 20. август.

Се вчитува...