Нашите најдобри кошаркари ги оставија зад себе случувањата на синоќешниот натпревар против Унгарија, одигран во Солнок, во кој бевме убедливо поразени од домашната селекција.
А по нешто повеќе од два часа возење, сениорската репрезентација на Македонија дојде во Орадеа, каде за неколку дена, поточно во среда навечер, ќе го одигра третиот меч од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.
Стручниот штаб на нашата селекција, предводен од селекторото Марјна Илиевски се одлучи за мали промени во распоредот на активностите за време на престојот во овој романски град.
Наместо двата утрешни тренинзи, ќе биде одработен еден „централен“, а според истиот план ќе се тренира и наредниот ден.
Планиран е и еден (утрински) тренинг, на денот на одигрување на натпреварот во Арената „Орадеа“, кој се игра на 13. август, со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

