Кошаркарите утре на собир: Нено и Шортс заедно за првпат во квалификациите

Македонската кошаркарска репрезентација утре ќе го има првиот собир во пресрет на завршните две квалификациски средби од квалификациите за Евробаскет 2025, во кои нашите кошаркари ќе мора да слават на дуелите над Естонија и Полска, згора на тоа и триумфот во Талин да изнесува најмалку пет поени разлика.

Мисијата е исклучително тешка, но голем плус за нашиот национален тим е што за првпат еден крај друг во овие квалификации ќе заиграат Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс.

Македонскиот плејмејкер играше извонредно на двомечот со Литванија, а за овие клучни битки ќе добие значајна помош и од Шортс, кој е еден од најдобрите кошаркари во Евролигата оваа сезона. Димитријевиќ вечерва до игра финалниот меч од Купот на Италија и во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Скопје, по што веднаш ќе му се стави на располагање на селекторот Јончевски.

Хендикеп ни останува центарската позиција, каде Македонија ќе биде значително oслабена со неиграњето на Хап, па останува да се види дали пеколното бековско дуо ќе биде доволно за да се надополне недостигот на сантиметри во рекетот.

Се вчитува...