„Кошаркарите во НБА нема да го толерираат Обрадовиќ“

Репрезентативецот на Турција и центар на Хјустон Рокетс, Алперен Шенгур имаше интересен одговор на прашањето дали најтрофејниот европски стратег, Жељко Обрадовиќ би можел да предводи тим од НБА.

Турчинот е убеден дека Србинот не би можел да биде НБА тренер бидејќи кошаркарите не би трпеле такво однесување.

„Мислам дека тоа е невозможно. Никогаш не би можел да се однесува така спрема кошаркарите во Америка како што се однесува во Европа. Таму едноставно кошаркарите не би го толерирале. Се е различно во НБА лигата“, изјави Шенгур.

Се вчитува...