Здружението на македонски кошаркари го поздрави предлогот на Кошаркарската федерација на Македонија за намалување на бројот на странци во домашното првенство. Домашните кошаркари особено се задоволни од правилото за задолжителен настап на тројца Македонци на натпреварите во текот на воведниот дел од сезоната. Во соопштение, кошаркарите сепак порачуваат дека, ова според нив се почетни чекори, но оти ќе треба да се направи уште многу за подигнување на квалитетот на македонската кошаерка.
„Би сакале да изразиме целосна поддршка на финалниот предлог на МКФ во однос на намалувањето на бројот на странски играчи од 6 на 4 со задолжителен настап на тројца Македонци во игра за следната сезона во Македонската кошаркарска прва лига. Сметаме дека раководството на Федерацијата презема еден важен чекор за подобрување на статусот на домашните кошаркари, како и на македонската кошарката во целост. Сакаме да го поздравиме ваквиот потег, но и да потсетиме дека остануваат и други чекори кои според нас се неопходни за подигнување на квалитетот на сениорските лиги и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Ваквите промени, се надеваме дека ќе ги поттикнат прволигашите да почнат посериозно да инвестираат во младите играчи, и ќе превземаат низа мерки како би го олесниле процесот на нивно усовршување и спортски напредок“, истакнуваат од Здружението на македонски кошаркари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА