Кошаркарската репрезентација на Македонија отпатува за Сарагоса, каде во петок ќе и гостува на Шпанија во натпревар од 5. коло во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.
Кошаркарите од меѓународниот аеродром во Скопје заминуваат за Истанбул, од каде со авион ќе стигнат во Мадрид, а потоа имаат три часовен пат до градот во кој ќе се игра натпреварот.
Селекторот Бајиќ за овој натпревар ги повика следните кошаркари:
СОСТАВ МАКЕДОНИЈА:
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром, Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром, Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром, Стојан Ѓуроски – Пелистер, Андреј Маслинко – ТФТ, Виктор Ташовски – ТФТ, Виктор Ефремовски – Гостивар, Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија, Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД), Рубин Стефанов – Италија.
Натпреварот меѓу Шпанија и Македонија кој е закажан за во петок е со почеток во 19.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА