Кошаркарките до 16 години поразени и од Бугарија

Женската репрезентација на Македонија до 16 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство Б-дивизија откако денеска беше поразена од репрезентацијата на Бугарија со 62-80.

Нашите девојки им парираа на Бугарките само во првиот период кој го загубија со 14-18. До крајот на првиот дел Бугарија успеа да побегне на двоцифрена предност, а до крајот да ја задржи за конечен триумф од 62-80.

Глорија Груевска со 18 поени беше прво име во таборот на нашиот тим, додека кај победникот Фатме Кичукова постигна 23 поени.

Се вчитува...