Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години доживеа нов дебакл на Европското првенство Б дивизија откако денеска загуби со убедливи 79-48 од Норвешка.
Нашите кошаркарки уште од првата четвртина беа во негатива, за волја на вистината најмала до сега на шампионатот (24-18), но и покрај тоа не успеаја да направат ништо повеќе до крајот на мечот.
Jана Пишлевска со 11 поени беше прво име во нашиот табор, додека кај Норвешка Ана Викстром постигна 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА