Кошаркарките на Баскет кам уште еднаш потврдија зошто се шампионки

Кошаркарките на Баскет Кам триумфираа со 69-53 против Крива Паланка во дерби дуелот на 10.коло во Првата женска кошаркарска лига. И уште еднаш, во последните неколку сезони, актуелниот бранител на титулата потврди дека знае како се играат дерби натпревари, и дека има шампионски тим.

Домашните кошаркарки го добија првото полувреме со 41-35, но гостинките од Крива Паланка имаа подобар почеток на дербито кој го валоризираа со предност. Нештата се сменија на почетокот на вториот период. Тимот од Македонска Каменица заигра доста поефикасно, секако, во фазата на нападот. Практично го возвратија ударот за предност на полувремето.

Во второто полувреме, уште подобра игра на домашната екипа, особено во фазата на одбрана. Му дозволија со својот конкурент да реализира само 23 поени за 20 минути од играта, и до крајот за рутинска победа.

Победничките имаа четири „двоцифрени“ кошаркарки. Ги предводеше Кметовска, која застана на 24 поени, плус осум скока и пет асистенции. Адамовска заврши со „дабл-дабл“ од 15 поени и 11 скока, плус шест асистенции. Максимовска испорача 11 поени, а капитенот Поп Димитровска уште 10 поени.

Во екипата на Крива Паланка, која го запиша вториот пораз во сезоната, Алексовска заврши со 15 поени и четири скока, Робинсон даде 13 поени, а Грин имаше 12 поени и шест скока.

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО

Баскет кам – Крива Паланка 69-53

МЗТ Бела вода – Вардар 67-51

Спорт тим – Бадел 1862 52-99

Патриот 2016 – Пробаскет 45-95

ТАБЕЛА

3.Баскет кам 10 9 1 695:525 19 бода

2.Крива Паланка 10 8 2 827:576 18

3.Вардар 10 8 2 786:617 18

4.Пробаскет 10 6 4 706:704 16

5.Бадел 1862 10 5 5 834:660 15

6.МЗТ Бела вода 10 3 7 600:655 13

7.Спорт тим 10 1 9 527:778 11

8.Патриот 2016 10 0 10 482:932 10

ИДНО КОЛО

Спорт тим – Баскет Кам

Вардар – Крива Паланка

Бадел 1862 – Патриот 2016

МЗТ Бела вода – Пробаскет

Се вчитува...