Кошаркарките на мегдан со Хрватска: Да станеме репрезентација за респект

Македонската кошаркарска репрезентација со денешниот дуел со Хрватска (15.30 часот) го почнува настапот на квалификацискиот турнир во Рига. „Црвено-жолтите“ во првите две кола претрпеа преубедливи порази од Германија (105-40) и од Летонија (39-98), но за разлика од тие натпревари селекторот Ѓоровиќ овојпат на располагање ќе ја има Девана Бонер, големата ѕвезда од WNBA лигата која сигурно ќе го крене квалитетот на игра на нашиот национален тим.

Да бидеме многу подобри од она што бевме, да бидеме репрезентација за респект“, гласи пораката на нашите кошаркарки пред почетокот на турнирот во Рига.

Селекторот Ѓоровиќ смета дека со засилениот состав сосема нормално е да се очекуваат и далеку подобри изданија и резултати од женската репрезентација.

„Во овој ‘прозорец’ влегуваме во значително подобар состав. Посилни сме за нашиот прв плеј и капитен Анџелика Митрашиновиќ, која много успешно настапува за екипата на Будуќност. Матеа Николиќ, една од нашите најперспективни кошаркарки која игра во силната италијанска лига. Играч со која се надевам дека ќе го решиме проблемот со скокот, поради тоа што ги покрива центарските позицији. И секако Девона Бонер, WNBA играч, која ова година играше во полуфиналето на најсилната лига на светот. Девона ги покрива позициите на ниско и високо крило. А како најголем нејзин квалитет е нејзината поливалентност, одличен шут, игра во транзиција и во играта  ‘еден на еден’. Треба да го искористиме тоа на овие мечеви во Рига“, вели кормиларот на нашиот национален тим.

Се вчитува...