Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го забележа и вториот пораз во квалификациите за Европското првенство 2025 година, откако вечерва очекувано беше поразена на домашен терен од големиот фаворит Србија со 60-103.
Србинките уше од самиот старт на мечот тргнаа фуриозно па веќе по десет минути игра имаа предност од 12-30. До крајот на првиот дел разликата само се зголемуваше, а на пауза Србија замина со позитива од 28-51.
Во вториот дел избраничките на Марина Маљковиќ само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 60-103. Aнжелика Митрашиновиќ со 23 поени повторно беше најрасположена во нашиот состав, додека кај победникот Ангела Дугалиќ постигна 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА