Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе биде сместена во последниот, осми шешир заедно со Ирска, Австрија и Азербејџан на ждрепката за пласман на континеталниот собир во 2025 година која ќе се одржи на 19. септември во 14 часот.
Со оглед на позицијата пред ждрепката јасно е дека сениорките ги очекуваат нови тешки квалификации кои се предвидени да започнат на 9. ноември со тоа што во првиот квалификациски прозорец ќе бидат одиграни две средби, втората три дена подоцна.
Евробаскетот 2025 воедно ќе биде прв континентален собир кој ќе се одржи во четири различни држави. Групната фаза ќе се игра во Чешка, Германија, Грција и Италија, а финалната фаза во главниот град на нашиот јужен сосед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА