Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во првата фаза во квлификациите, откако денеска загубија од Хрватска со 83-55.
Кошаркарките добро се носеа само во првата четвртина, кога беше 19-17 за Хрватска, а потоа целосна доминација на домаќинките, кои на полувреме заминаа со +12, а како одминуваше финишот, само ја зголемуваа разликата, за целосниот успех да го комплетираат во последниот период кој го добија со 20-8.
Македонија немаше решение за тандемот Бегиќ-Цвитковиќ, кои постигнаа по 15 поени, додека Хемпе и Митрашиновиќ кај Македонија исто така имаа по 15 поени, но ја немаа поддршката од останатите кошаркарки.
Следниот меч за Македонија е против Данска на гости во март идната година. Токму против Данска, селекцијата ја оствари засега единствената победа откако ја победивме со 79-78 во првиот меч од квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

