Кошаркарките почнаа со подготовки за квалификациите

Женската кошаркарска репрезентацјиа на Македонија денеска ги стартуваше мини-подготовките за претстојниот прозорец на ФИБА и квалификациските натпревари со Украина и со Португалија.

Селекторот Александар Ашаданов и неговиот асистент Атанас Димов, на денешниот првиот тренинг дочекаа десет кошаркарки: Анџелика Митрашиновиќ, Илина Селцова, Мерит Хемпе, Милица Николиќ, Нена Трајчевска, Ивана Кметовска, Катерина Поп-Димитровска, Ања Начевска и Михаела Алексовска.

На тренингот во салата на СРЦ „Кале“ присуствуваше и Матеја Николиќ, која се пожали на болки во пределот на коленото, па ќе треба да оди на дополнителни лекарски прегледи за да се утврди за што станува збор

„Очекувам веќе на вечерашниот тренинг да бидеме комплетни. Односно да ги имаме на располагање сите 12. кошаркарки. Елена Тасевска имаше обврски на факултетот, додека Александра Стојановска поради транспортните конекции, ќе биде во Скопје попладнево, и ќе биде на тренинг уште вечерва“ – појаснува Ашаданов.

„Секој циклус е сличен на претходните. Исклучок не е ни овој ноемврисми ‘прозорец’ на ФИБА. Во овие неколку тренинзи ќе се обидеме да ја поставиме нашата игра, да ги анализираме противниците. Прв противник ни е Украина, селекција со која не сме се сретнале во изминатите години, додека многу повеќе податоци, извесно, имаме за Португалките. Целта останува иста, да се обидеме сите заедно да дојдеме до некоја победа, ќе ни значи многу на сите нас“ – дополнува селекторот по првиот одработен тренинг пред овој квалификациски циклус.

Македонските кошаркарки на 7 септември со почеток во 18 часот ќе ја пречекаат Украина во Скопје, а три дена подоцна, исто така во СРЦ Кале ќе бидат домаќинки на селекцијата на Португалија.

Се вчитува...