Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години со пораз и во последното коло од Косово 63-62 го заврши настапот на ФИБА челенџерот до 20 години кој се игра во Скопје.
Целиот натпревар помина во израмнета игра, а падот на концентрацијата во финишот ги чинеше избраничките на Саша Димитријевиќ прва победа на турнирот за кошаркарки до 20 години. Тијана Митрева со 28 поени беше најефикасна во нашиот табор, додека кај Косово Агнеша Рамани заврши со 18 поени.
Македонија ФИБА Челенџерот го заврши на последната позиција во групата Е со четири порази во исто толку меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА