Кошаркарките поразени од Јапонија (79-91)

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија загуби од Јапонија (79-91) во вториот меч од меѓународниот турнир што се одржува во Скопје. Јапонките се реално први фаворитки на турнирот според својот квалитет, па може да се каже дека избраничките на селекторот Марјан Лазовски одиграа во рамките на своето ниво. По вчерашниот триумф над Бугарките, вечерва македонските кошаркарки сепак не можеа да направат уште поголемо изнедување.

Јапонија ја доби првата четвртина со 25-20, а на полувреме замина со осум поени предност (47-39). По третиот период разликата веќе беше двоцифрена, што успеаја да ја задржат до самиот крај.

Криси Гивенс со 32 постигнати поени беше најдобра поединка во селекцијата на Македонија, а Јелена Антиќ и Нена Трајчевска постигнаа по 15 поени. Кај Јапонките, Моеко Нагаока и Јуки Мијазава постигнаа по 21 поени.

Се вчитува...