Репрезентацијата на Македонија за кошаркарки до 18 години го претрпе и вториот пораз на ЕП – Б дивизија што се одржува во Скопје, откако денеска загуби од селекцијата на Ирска со резултат . Нашите млади кошаркарки одиграа катастрофално во последната четвртина, во која за десет минути игра постигнаа само два поени.
„Црвено-жолтите“ имаат за што да жалат пред се поради одличното прво полувреме во кое имаа и предност од 27-17. Сепак, нашите млади кошаркарки во последните три и пол минути од полувремето не постигнаа ниту еден поен, противникот се приближи на 27-23, а потоа во вториот дел и направи целосен пресврт и стигна до убедлива победа, благодарение на извонредното второ полувреме што Ирска го доби со резултат 37-12.
Најефикасна во нашиот табор беше Теона Поп Стојанова, која оствари дабл-дабл од 10 поени и 18 скокови.
Во третото коло Македонија утре во 18.45 часот ќе се сретне со фаворитот Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА