Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска во СРЦ „Кале“ ќе ја пречека Данска на стартот на квалификациите за Европското првенство во 2027 година.
Нашите кошаркарки полни со самодоверба го почнуваат квалификацискиот циклус.
„Почеток на нови возбудливи квалификации, овој пат со мали измени односно во еден квалификациски „прозорец“ следуваат по три натпревара. Не очекуваат доста тешки натпревари со екипите на Данска, Грција и Хрватска.
Најпрво, следува натпревар со репрезентацијата на Данска на домашен терен. Играме против репрезентација која играше доста добро во претходните квалификации. Но нашата примарна цел е овој циклус да го отвориме со победа.
Дел од „костурот“ на нашата екипа е задржан, надополнет со неколку млади играчи, и тој спој на младост и искуство очекуваме да ни даде поволен резултат на премиерата од новиот кваллфикациски циклус“, изјави Ашаданов.
Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Кале“ е со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

