Кошаркарките со триумфален старт во новите квалификации

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со победа го стартуваше новиот квалификациски циклус за Евробаскет 2027 откако „црвено-жолтите“ по голема битка славеа над Данска со резултат 79-78. Гледачите во СРЦ „Кале“ можеа да проследат неизвесен меч до самиот крај, во кој македонските кошаркарки по голема борба стигнаа до посакуваниот триумф.

Македонија имаше водство од 18-13 пред крајот на првата четвртина, но гостинките го завршија овој дел од мечот со серија од осум поени и поведоа со 18-21. Данките потоа имаа 18-27 и 20-29 во вториот период, но нашите кошаркари успеаја да се вратат и на одмор се замина со минимално водство на гостинките од 39-40.

Во второто полувреме работите во свои раце ги презеде капитенката Анжелика Митрашиновиќ, која не само што погоди важни шутеви, туку и го разигра целосно остатокот од тимот. Македонија имаше „плус шест“ во финишот, но Данките благодарение на шутот од далечина дојдоа на еден поен негатива. Стојановска реализираше во рекетот, Данска возврати од линијата за слободи фрлања, па резултатот на 30 секунди до крајот гласеше 79-78. Митрашиновиќ не реализираше положување, но и гостинките го промашија последниот напад, па нашите кошаркарки бурно ја прославија оваа значајна победа.

Хемпе беше најефикасна во македонскиот табор со 25 поени, Стојановска имаше 15 поени, а Митрашиновиќ 14 поени и 11 асистенции, надополнети со шест скока и две украдени топки.

Следен предизвик за нашите најдобри кошаркарки е дуелот со фаворитот во групата Грција, уште еден меч што ќе се игра во СРЦ „Кале“ в

Се вчитува...