Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години со убедлив пораз од 55-79 од Луксембург го стартуваше ФИБА Челенџер турнирот. Избраничките на Саша Димитријевиќ само во втората четвртина успеаја да му парираат на противникот и да одиграат егал (19-19), а на полувреме да заминат со негатива од 29-34.
Во второто полувреме следеше голем пад, особено во последните десет минути, за на крајот да забележат и убедлив пораз од … Тијана Митрева со 16 поени беше најефикасна во нашиот табор, додека кај победникот Ким Сова заврши со 17 поени.
Во второто коло утре Македонија ќе се сретне со Романија, а натпреаварот исто како и денешниот е со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА