Бордот на европската зона на ФИБА ги потврди градовите-домаќини на следниот натпреварувачки турнир од квалификациите за Еп 2021 година во женска конкуренција. Она што е особено важно е дека натпреварите од групата „И“ чиј дел е и нашата женска сениорска репрезентација, одново ќе се играат во главниот град на Летонија-Рига.
Во периодот од 31. Јануари до 7. февруари, ќе се играта деветте квалификациски групи. ФИБА Европа определи седум од нив, додека групите „Д“ и „Ф“ дополнително ќе добијат организатори.
Македонија оди на добро познат терен, каде пред неполн месец, се одржуваа натпреварите од првиот „балон“, односно ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА. Во салата на Олимписки спортови во Рига избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ одиграа два добри натпревари против репрезентациите на Хрватска и на Германија. За очекување е да атакуваме и на првиот триумф во овој квалификациски циклус.
Македонија следната година ќе биде и домаќин на две младински Европски првенства. Ако условите го дозволат тоа, Македонија ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години. Турнир кој е планирано да се одржи во периодот од 13. до 21. август 2021 година, во Скопје, како и Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки (Под 20 години). Настан кој треба да се реализира од 3. до 11. Јули, исто така во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА