Женската кошаркарска репрезентација на Македонија во понеделник ќе означи почеток на подготвителниот период за квалификациите за Европското првенство 2021.
Репрезентативките ќе тренираат во големата сала на Кале сè до 13. ноември кога ќе заминат за Германија каде против соодветната репрезентација ќе го одиграат првиот натпревар во евроквалификациите. На 17. ноември е закажан вториот дуел од овој прозорец, против Летонија на домашен терен. Натпреварот против Летонија ќе се одигра во големата сала при спортскиот центар Јане Сандански.
Првиот тренинг на репрезентацијата ќе се одржи во понеделник со почеток во 18:30 во големата сала на Кале.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ
- Анџелика Митрашиновиќ – Buducnost Bemax (Црна Гора)
- Александра Стојановска – Flamurtari (Албанија)
- Софија Лазареска – Milano Basket (Италија)
- Нена Трајчевска – Samsun Canik (Турција)
- Ивана Кметовска – Бадел 1862
- Ивона Пејковска – Вардар
- Емилија Лазарова – Вардар
- Сандра Лазареска – Бадел 1862
- Драгана Јоловиќ – Бадел 1862
- Јована Петрушевска – Вардар
- Наталија Белеска – Вардар
- Симона Деловска – Вардар
- Матеа Николиќ – Ensino Lugo (Шпанија)
- Илина Селцова – Ratgeber (Унгарија)
- Катерина Поп Димитровска – Баскет Кам
- Наталија Секуловска – Бадел 1862
- Габриела Модева – Струга 2009
- Јована Стојанова – Вардар
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА