Кошаркарот кој го „реши“ МЗТ Скопје, МВП на 19. коло во АБА лига

Црногорскиот Морнар го совлада македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен со 93-84 во 19. рунда од регионалната АБА лига. Најдобар поединец на домашниот тим на овој меч беше Грегор Глас кој одличната партија ја материјализираше со 26 поени, седум скока, три асистенции и индекс на корисност од 31.

Токму оваа партија на словенечкиот репрезентативец му го донесе епитетот МВП на 19. рунда во јадранската лига. Повеќе индексни поени во ова коло собра Ѓорѓе Гагиќ од Борац (33), но тимот од Чачак беше поразен од Партизан, па наградата МВП му припадна на Глас.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...