Кошаркарот на Партизан имаше шанса да биде херој, но ќе биде запомнет како трагичар

Двејн Вашингтон кој ја започна сезоната со „црно-белите“, но мораше да замине во НБА бидејќи беше дел од спектакуларниот трејд на Карл Ентони Таунс во Њујорк би можел да се врати побрзо од очекувањата во Белград со оглед на тоа што беше трагичар во дебито за неговиот нов клуб Шарлот.

Вашингтон дебитираше во натпреварот против Њујорк, имаше шанса да биде херој, но заврши како трагичар за поразот од 111-109.

Американскиот бек доби осум минути на натпреварот, а на самиот финиш имаше три слободни фрлања со кои можеше негативата да ја претвори во победа од еден разлика. Гој ги промаши сите три слободни фрлања па неговиот нов клуб претрпе пораз.

Како потсетување, доколку Вашингтон не биде задржан од страна на Шарлот и се врати во Европа тој одново ќе биде кошаркар на Партизан.

Се вчитува...